Македонците најзадолжени во регионот

Bez autora
Apr 15 2010

Македонија годинава бележи најмала задолженост на жител во споредба со земјите од регионот, и таа изнесува 580 евра, додека задолженоста на вработен е 1.700 евра. Според истражувањето, Македонија бележи најголем раст на задолженоста на жител за период од три години - 62 процента. Во 2007 година задолженоста на жител во Македонија изнесувала 358 евра. Граѓаните на Србија се помалку задолжени во споредба со државите од регионот, меѓутоа изминатите три години тие се пред нивните соседи во однос на динамиката на растот на земањето кредити. Во однос на просечните примања и бројот на вработените во земјите во регионот, ситуацијата во Србија е многу поповолна, освен во Македонија.

Македонците најзадолжени во регионотМакедонија годинава бележи најмала задолженост на жител во споредба со земјите од регионот, и таа изнесува 580 евра, додека задолженоста на вработен е 1.700 евра, покажуваат резултатите од истражувањето на српскиот финансиски портал „Каматика“.

Според истражувањето, Македонија бележи најголем раст на задолженоста на жител за период од три години - 62 процента. Во 2007 година задолженоста на жител во Македонија изнесувала 358 евра.

Граѓаните на Србија се помалку задолжени во споредба со државите од регионот, меѓутоа изминатите три години тие се пред нивните соседи во однос на динамиката на растот на земањето кредити. Во однос на просечните примања и бројот на вработените во земјите во регионот, ситуацијата во Србија е многу поповолна, освен во Македонија, оценува порталот.

Во Србија задолженоста на жител изнесува 650 евра, а по вработен 2.000 евра. За три години задолженоста на населението во Србија се зголемила за 29 проценти, од 503 евра во 2007 на 650 евра годинава.

Најзадолжени се граѓаните на Грција, Хрватска и на Словенија. Задолженоста на жител во Грција изнесува 8.100 евра, во Хрватска 4.000 евра, а во Словенија 3.570 евра. Задолженоста на вработен во Грција изнесува 14 илјади евра, во Хрватска10.000, а во Словенија 7.200.

Црна Гора и Босна и Херцеговина сега имаат просечна задолженост на вработен од околу 5.500 евра, што во споредба со просечните плати во овие земји претставува висока вредност, особено за БиХ. Задолженоста на жител во Црна Гора изнесува 1.500 евра, а во БиХ 850.

По Македонија, најголем раст на задолженост на жител за три години е забележан во Црна Гора - 56 отсто, Романија - 51 процент, Бугарија - 43 отсто и БиХ - 40 проценти, а најмала во Грција - 2 отсто.

Според структурата на растот на задолженоста во најголем дел се застапени станбените кредити и кредитите за рефинансирање.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik